Top Sport

„Чеканите“ до прва победа оваа сезона, Сен-Максимен ги „спаси“ Њукасл кај Вулфс

Вест хем јунатед, конечно, стигна до своите први поени во новата сезона од Премиерлигата, откако ја зголемија мизеријата на Астон вила на Стивен Џерард со 0:1 победа, додека Алан Сан-Максимен спаси поен за Њукасл, постигнувајќи го израмнувачкиот гол во 90. минута за 1:1 реми на гостувањето кај Вулверхемптон.

Единствениот гол на мечот на „Вила парк“ го постигна Пабло Форналс, со фантастичен удар од далечина во 74. минута од мечот, за „чеканите“ да се одвојат од последното место по поразите во првите три кола од Премиерлигата.

Прекрасен гол имаше и на „Молињу“, каде што Рубен Невеш во 38. минута беше прецизен од далечина, за Њукасл да спаси поен преку херојот Сан-Максимен во 90. минута. Вулверхемптон, заедно со Евертон и Лестер се единствените три клуба кои немаат победа во новата сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top