Инфаркт натпревар на „Олд Трафорд“ одиграа Манчестер јунајтед и Њукасл кој заврши со победа на домашниот тим 3:2, откако до 70.минута Њукасл водеше 0:2.
Кошмарно започна натпреварот за Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед. Њукалс во првите десет минути два пати го натера Де Хеа да ја вади топката од својата мрежа. Кенеди во седмата и Муто во 10.минута беа стрелци за „страчките“.
Црвените ѓаволи делуваа изгубено во првото полувреме, одбраната беше катастрофална, поради што Мурињо во 19.минута го извади од игра Ерик Баи.
Можеби клучен момент на мечот се случи во финишот на првиот дел кога судијата не досуди пенал за Њукасл по очигледното играње со рака пред својот гол од страна на Ешли Јанг.
Во вториот дел Јунајтед изврши силен притисок, чисти шанси промашија Матиќ и Рашфорд, а прв кој го совлада одличниот голман Дубравка беше Мата во 70.минута. Шпанецот постигна гол од слободен удар.
Шест минути подоцна проработе француската врска Погба и Марсијал, а вториот постигна гол за 2:2.
Откако Лукаку спаси чист гол по ударот на Дијаме, точка на натпреварот стави Алексис Санчез во 90.минута. Ова беше само четврти гол за Чилеанецот откако пристигна во клубот од Арсенал.