Top Sport

Али Адем доби пет меча суспензија

Фудбалерот на Шкупи, Али Адем, доби огромна казна од Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија за црвениот картон на натпреварот против Силекс. Тој ќе мора да паузира дури пет натпревари. Во записникот стои дека Адем нападнал играч на кратовскиот тим, по што му било покажано директно исклучување. Целата ситуација се случила по завршување на натпреварот на Чаир.

Дисциплинската комисија ги објави казните за екипите кои имаа слаба организација на натпреварите. Шкендија е казнета со 3.000 евра затоа што нејзините навивачи користеа пиротехника на дерби натпреварот против Шкупи во Тетово.

Казна од 1.000 евра доби и второлигашот Гостивар за лоша организација на натпреварот со Воска Спорт. На овој меч се случи тепачка на трибините.

Scroll to Top