Top Sport

Али, момчето без нозе помина 4.000 километри да игра фудбал со својот херој Шевченко (видео)

Али Турганбеков, 11-годишното момче од Казахстан родено без нозе, ги освои срцата на украинските фудбалски фанови, откако помина 4.000 километри да игра фудбал со својот идол, Андриј Шевченко и со украинската репрезентација.

Али беше пречекан од селекторот на Украина и легенда на Милан, Шевченко и двајцата си дофрлаа со топката. На тренингот беше и ѕвездата на Манчестер сити, Олександер Зинченко.

„Мојот сон се оствари, тука сум со освојувачот на ’златна топка’ и на Лигата на шампионтите, Андриј Шевченко. Благодарам за остварувањето на овој сон“, напиша Али на Инстаграм.

Патувањето на Али беше помогнато од казахстанскиот клуб Каират од Алмати.

Украина се подготвува за квалификациите за Евро 2020 со меч на гости кај Португалија во петок  и кај Луксембург во понеделник.

 

View this post on Instagram

 

ШЕВАаа! Друзья это просто невероятные ощущения, звезды такой величины ведут себя со мной какбудто мы давно друзья, это просто ???. Как говорят мои родители самое важное это Человеческий фактор, теперь я понимаю о чем это и что это такое. @andriyshevchenko @kairat4 @f.c.kairat Вы осуществили мой чудесный сон в реальность! Спасибо!!! Пусть всегда и у всех сбываются чудесные мечты!!! Желаю всем счастья и добра!??????????????????

A post shared by Ali_Amir_happy Али Турганбеков (@ali_amir_happy) on

Scroll to Top