Top Sport

Али со луд гол со „ножички“, Тотенхем пак убедлив против Волфсбергер

Тотенхем без мака го потврди пласманот во осминафиналето на Лига Европа, откако на реваншот со австрискиот Волфсбергер стигна до 4:0 победа, откако на гости тримфираше со 4:1.

Деле Али, малку подзаборавената ѕвезда на Тотенхем под Жозе Мурињо, постигна спектакуларен гол со ножички во 11. минута од мечот за рано водство на Спарси, а потоа во второто полувреме, тие целосно доминираа над противникот.

Карлос Винисиус постигна голови во 50. и 83. минута, а во листата на стрелците се запиша и Герет Бејл во 73. минута, по асистенција на Али.

Scroll to Top