Top Sport

Алиоски и Елмас за „летечки“ старт на Македонија против Летонците – 2:0 по првото полувреме!

Македонија има предност од 2:0 против Летонија по првото полувреме од првиот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, одбележувајќи совршен старт на новиот циклус во јубилејниот 100. натпревар за капитенот Горан Пандев.

Првиот гол падна уште во 11. минута, кога токму Пандев ја „истрча“ одбраната на гостите за да го пронајде Езѓан Алиоски, и фудбалерот на Лидс јунајтед ја искористи слабата интервенција на голманот за водство.

Нападите продолжија и по постигнатиот гол, а во 22. минута, Елиф Елмас го замени повредениот Ферхан Хасани, и младиот фудбалер на Фенербахче го постигна својот прв гол во националниот дрес, откако налета на одбиената топка по ударот на Илија Несторовски.

Македонската репрезентација беше поактивна во текот на целото полувреме и гостите можат да се среќни што примија само два гола. Одличен старт на тимот на Игор Ангеловски, и мечот сега треба рутински да се доведе до крајот и да се запечати победата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top