Top Sport

Томиќ лажел дека има коронавирус

Германската тенисерка Андреа Петковиќ рекла дека Австралиецот Брнард Томиќ лажел дека е заразен со коронавирусот и дека тоа го направил без причина.

„Од вторникот се чувствувам лошо. Имам проблеми со дишењето, имунитетот ми е низок, исцрпен сум. Во моментов сум во Мајами, изолиран сум како што ми беше советувано. Допрва треба да ме тестираат на коронавирусот, но ги имам сите симптоми“, рекол Томиќ откако испаднал од турнирот во Мексико.

Подоцна се покажа дека Томиќ говорел и пишувал невистини и дека воопшто не бил заразен со вирусот КОВИД-19.

„Најчесто зборува без да размисли претходно што ќе каже. Последниот пат беше поврзано со коронавирусот. Ми пишав пред неколку дена и ми призна дека лажел. Дури и не знае зошто тоа го кажал“, рекла Петковиќ.

Scroll to Top