Аргентинскиот тренер Марсело Бјлеса во светот на фудбалот е познат под прекарот Лудак. Дека прекарот не го добил случајно покажа и со потегот кој ја изненади англиската јавност. Играчите на Лидс чии тренер е Бјелса, во периодот кога клубовите се во самоизолација, редовно тренираат.
Откако Фудбалската асоцијација на Англија ги суспендира натпреварите на најмалку две недели Бјелса н своите играчи не им дал ниту еден слободен ден.
Овој потег ги шокирал сите на „Еланд Роуд“, но никој не му се спротивставил на ексцентричниот Аргентинец.
Екипата на Лидс, лии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Алиоски, се наоѓа на првото место во Чемпионшип дивизијата. Лидс имаат поен повеќе од ВБА и засега овие два тима се најсериозни кандидати да изборат директен пласман во Премиер лигата.