Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Лидс јунајтед. Алиоски е во Лидс од 2017 година, а неговиот договор важи до 30.јуни 2021 година.
Англиските медиуми пишуваат дека Алиоски би сакал да остане во Лидс, дека му се допаѓа атмосферата во тимот и начинот на кој со тимот работи тренерот Марсело Бијелса, но не бил задоволен од новиот договор што му го понудиле клупските челници.
Поради тоа тој веќе му кажал на менаџерот да му бара нов клуб. Најверојатно, од наредната сезона, Алиоски ќе го носи дресот на Галатасарај.
Алиоски, сезонава, настапил на 23 натпревари во Премиер лигата, постигнал два гола.