Македонската репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. На Националната арена во Букурешт, ќе играат поразените репрезентации од првото коло, во Ц-групата. Македонија на стартот загуби од Австрија (1:3), а Украина од Холандија (2:3).
На редовната прес конференција, на новинарите им се обрати фудбалерот на Лидс јунајтед Езѓан Алиоски.
– Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги коригираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина. Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитет да постигнеме два гола дури и да сме во негатива. Најважно е да веруваме во себе и во тимот“.
Извор/ffm.mk