Top Sport

Алиоски од Фенербахче се сели во Истанбулспор?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе замине од Фенербахче. Како што откриваат турските медиуми, неговиот договор ќе биде прекинат, а тој сака да остане во Турција и би можел да се пресели во редовите на Истанбулспор.

Според „Сабах“, тренерот на Фенербахче, Жорге Жесус, не е задоволен од клупската дисциплина на Алиоски, а Истанбулспор не би имал ништо против да го доведе одличниот лев бек. Ако тоа се реализира, тој би станал соиграч со Валон Етеми, уште еден македонски репрезентативец.

Преодниот рок во Турција е продолжен, поради катастрофалните земјотреси што се случија во изминатиот период.

Scroll to Top