Top Sport

Алиоски пред потпис со Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го раскина договорот со Ал Ахли откако клубот испадна од елитата на Саудиска Арабија. Сега левиот бек може многу полесно да преговора со турскиот шампион Трабзонспор како слободен агент. Медиумите во Турција наведуваат дека преговорите се во завршна фаза и се очекува Алиоски да потпише договор до крајот на оваа седмица.

Трабзонспор достави понуда за Алиоски и минатото лето, кога тој го напушташе Лидс Јунајтед. Тогаш сепак ја одбра финансиски подобрата понуда од Ал Ахли.

Преговорите меѓу Алиоски и Трабзон траат веќе еден месец, а турскиот клуб инсистира македонскиот ас да пристигне во клубот и да го засили за настапите во Лигата на шампионите.

Scroll to Top