Top Sport

Огромната плата на Гризман го блокираше Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид го доведе првиот играч во овој преоден рок. Станува збор за 33-годишниот белгиски играч за врска Аксел Витсел кој како слободен играч пристигна од Борусија Дортмунд. Сепак, „Марка“ тврди дека Атлетико не може да го регистрира својот нов фудбалер. Причината е од финансиска природа.

Имено, Атлетико е во „дебел минус“ кога е во прашање финансискиот фер-плеј, а трошоци се надминати за цели 100 милиони евра од дозволеното. Слична е ситуацијата и во Барселона, која не може да ги регистрира новите играчи, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

За да ја олесни ситуацијата, Атлетико е подготвен да го продаде Антоан Гризман, чија плата е преголем товар за клубот. Подготвени се да го ослободат Французинот за 40 милиони евра, а со тоа би се ослободиле од неговата плата која изнесува околу 30 милиони евра по сезона.

Scroll to Top