Top Sport

Алиоски пред трансфер во Саудиска Арабија?!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски се наоѓа пред неочекуван трансфер. Откако му пропадна трансферот во Галатасарај, Алиоски ги започнал преговорите со Ал Ахли.

Новинарот Педро Алмеида тврди дека Алуоски ќе потпише двегодишен договор со клубот од Саудиска Арабија. Според овој извор, Алиоски ќе добие годишна плата од 1,5 милиони евра и плус бонус од еден милион евра за потпис на договор, бидејќи во Ал Ахли би пристигнал како слободен играч.

Алиоски е без клуб од завршувањето на сезона, откако му истече договор со Лидс јунајтед.

Во Англија, Алиоски ги мина последните четири години.

Scroll to Top