Top Sport

Првата на ВТА листата и бранителот на златото кај мажите – во аут во Токио

Олимпискиот тениски турнир во Токио останува без две силни имиња.

Бранителот на златото од Рио 2016 во машка конкуренција, Енди Мареј се откажа од настапот во 1. коло, а првата светска тенисерка во моментов е елиминирана на стартот.

Шкотланѓанецот има мала повреда, па лекарите му сугерирале да не се натпреварува во поединечна конкуренција, само во двојки. Тој веќе помина во второто коло во пар со Џо Салисбури, па проценката му е дека тука има поголема шанса да дојде до медал.

Мареј денеска требаше да ги одмери силите со Феликс Оже-Алијасим од Канада, но на негово место ќе настапи Австралиецот Макс Пирсел.

Победничката од Вимблдон, пак, Ешли Барти уште во прво коло го заврши настапот по поразот од Сара Сорибес Тормо од Шпанија, загуби со 6-4 и 6-3.

Првата светска тенисерка „сама се победи“ откако направи дури 55 неизнудени грешки.

Scroll to Top