Top Sport

Алиоски со гол, Лидс поразен во Стоук (видео)

Езѓан Алиоски, конечно, постигна гол во Чемпионшип за Лидс јунајтед, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот од 2:1 на гостувањето кај Стоук сити.

Стоук имаа 2:0 водство кога во 95. минута, Алиоски го намали резултатот, и иако Лидс останува лидер во втората лига и најсериозен кандидат за влез во Премиер лигата, но сега има само еден поен пред второпласираниот Норич.

Покрај тоа, клубот и нивниот менаџер Марсело Биелса е под закана на казна од Фудбалската асоцијација (ФА) за шпиунирањето на тренингот на Дерби каунти.

Scroll to Top