Top Sport

Модриќ крвавата глава ја надополни со гол, Реал ја доби Севилја (видео)

Во дербито на 20. коло на шпанската Ла лига, Реал Мадрид стигна до супер-важна 2:0 победа над Севилја со два гола во последните 15 минути игра за да го помине андалузискиот клуб на третото место на табелата.

Касемиро ги донесе „Лос бланкос“ во водство во 78. минута од мечот, конечно, кршејќи го отпорот на гостите.

Освојувачот на „златната топка“, Хрватот Лука Модриќ прво доби незгодна исеченица на главата по дуелот со дефанзивецот на Севилја Франко Гомез, но потоа го постигна вториот гол на мечот во 92. минута од мечот.

Реал имаат 36 поени на третото место на табелата, два помалку од Атлетико Мадрид и седум зад Барселона, а двата тима имаат и натпревар помалку. Севилја е на четвртото место со 33 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top