Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Александар Трајковски беше стрелец на победничкиот гол, но мораме да се потсетиме и на неверојатната интервенција на Езгјан Алиоски во 65.минута, кога Доменико Берарди во гол-шанса, а македонскиот репрезентативец се создаде пред него и во последен миг успеа да спаси можеби и сигурен погодок. Беше одличен во одбраната, како и сите останати македонски репрезентативци.
Популарниот Џани и пред мечот најави можно чудо.
„Со оваа Македонија, ништо не е невозможно. Прекрасно доживување во Палермо. И нема да застанеме тука затоа што овие момци можат да го победат секого“, изјави Алиоски.
Македонската фудбалска репрезентација во попладневните часови се враќа во Скопје.