Лидс Јунајтед попладнево во Чемпионшип стигна до многу важна гостинска победа од 2-0 на гостувањрто кај Хадерсфилд.
Победата со прекрасен гол со волеј од 17-18 метри ја најави македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски.
Се играше 50 минута од мечот, Лидс имаше корнер. Алиоски од позадина налета на една топка и надвор од шеснаесетникот упати прецизен удар кој заврши во противничката мрежа.
До крајот на мечот во кој Алиоски ги одигра сите 90 минути, Хернандез во 78. минута погоди за конечни 0-2.
Со денешните 3 бода, Лидс има 43 бода, еден повеќе од второпласираниот ВБА кој утре ќе го одигра натпреварот од ова коло.
Alioski what a goal Leeds vs Huddersfield 1-0 #LUFC pic.twitter.com/Nx4R7tMrZY
— zwodde (@zwodde11) December 7, 2019