Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски е во голгетерска форма пред собирот на националниот тим за баражот против Италија за пласман на СП во Катар. Алиоски беше стрелец на гол за својот тим Ал-Ахли во поразот (4:2) од Ал-Хилал во првенството на Саудиска Арабија.
Алиоски погоди на крајот од мечот и го постави конечниот резултат во 96.минута.
Одион Игало, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, кој сега настапува за Ал-Хилал, постигна хет-трик на овој натпревар.
هدف اليوسكي ??#الهلال_الاهلي pic.twitter.com/84bZfYXUaG
— اليوسكي | Alioski (@AlioskiJust) March 18, 2022