Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп во пресрет на утрешниот натпревар со Борнмут во Премиер лигата одржа прес конференција.
Дуелот со екипата која се бори за опстанок во лигата е добра можност „црвените“ да ја вратат самодовербата која им е разнишата по поразите од Вотфорд и Челси.
Натпреварот ќе се одигра утре од 13.30 часот на „Енфилд“.
Клоп на прес конференцијата откри информација која ќе ги загрижи фановите на клубот. Голманот Алисон Бекер се повредил на тренингот и тој нема да биде во составот за утрешниот меч, но она што загрижува е што тој не ја исклучил можноста голманот да го пропушти и реваншот со Атлетико во Лигата на шампионите.
Ливерпул ќе го пречека Атлетико в среда и ќе се обиде да ја стигне и престигне предноста која Шпанците ја имаат по првиот натпревар. Атлетико првиот меч го доби со 1:0.