Top Sport

Манчестер јунајтед ги осуди навивачите кои го навредуваа Лингард (видео)

Манчестер јунајтед најави дека ќе отвори истрага по навредите кои ги добиваше нивниот фудбалер Џеси Лингард од сопствените навивачи по 3:0 победата на гости во меч од ФА купот кај Дерби каунти

Лингард, кој честопати беше критикуван за своите слаби перформанси оваа сезона, одигра 90 минути за „ѓаволите“, а при враќањето во автобусот, 27-годишниот Англичанец беше нарекуван гомно и му беше порачано да се „е.е“. Од клубот велат дека однесувањето на навивачите е неприфатливо и ќе побараат соработка со Дерби да се идентификуваат навивачите.

Оле Гунар Солскјер пак, вели дека е задоволен од реакцијата која ја имало кај Лингард по инаку оправданите критики пред инцидентот.

„Ми се допаѓа неговата реакција. Сакам да видам фудбалери кои ќе речат: ’Добро, бев на клупата два-три меча, ќе се поправам’. Не мора да ја објаснувам ситуацијата секојпат. Имате шанси ада се смените. Ако даваме постојани предупредувања, тогаш еден ден ќе дојде денот кога нема да бидат тука“, вели Солскјер.

Инаку, за слабата форма на Лингард може да има и поприземно објаснување. Тој живее со својата болна мајка, и во исто време ги одгледува своите брат и сестра, кои се тинејџери, а покрај тоа има и едногодишна ќерка.

Scroll to Top