Top Sport

Нејмар „посебен гостин“ на Твитерот на Евертон

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, имаше неочекувано појавување на социјалните мрежи на Евертон, откако му даде награда на својот сонародник и колега од репрезентацијата, Ришарлисон.

Ришарлисон беше прогласен за најдобар фудбалер на клубот во 2019/20, откако постигна 15 гола во 41 настап за „карамелите“. 23-годишниот Бразилец никогаш не го криел воодушевувањето од Нејмар и ѕвездата на ПСЖ му врати.

„Еј, Ришарлисон, многу сум среќен за тебе, честитки за сезоната. Тука е твојата награда за најдобар фудбалер на Евертон, знам дека си првиот Бразилец со оваа награда. Се надевам дека ќе продолжиш да даваш голови, да помагаш на клубот“, вели Нејмар во видеото.

Ришарлисон врати со комплиментите.

„Денеска беше посебен ден за мене, со наградата за најдобар фудбалер во еден од најтрадиционалните европски клубови и тоа од рацете на човекот кој ми е идол од детството и кој ми стана пријател“, објаснува Ришарлисон.

Scroll to Top