Top Sport

Алкохолот виновен за смртта на младиот фудбалер на Локо Москва!

Локомотив Москва потврди дека фудбалер од нивниот У-21 тим, 18-годишниот Алексеј Ломакин е пронајден мртов откако исчезна по една вечер пиење со негов пријател во Москва.

Според руските медиуми, младиот Ломакин бил пронајден во неделата откако во петокот исчезнал по забавата со своите пријатели. Неговата мајка вели дека синот заминал на медицински прегледи во Локомотив, по што ја поминал вечерта во Москва, по што таа не можела да го најде на телефон. Таа исто изјави дека Ломакин понекогаш го користел средството „трописамид“ по што се однесувал „необично“.

Руските медиуми пак, тврдат дека тој отишол на забава со многу алкохол со неговиот пријател Иван, кој пак, не се сеќава каде биле тие. Неговиот мобилен телефон и руксакот биле пронајдени подоцна во едно такси.

Scroll to Top