Top Sport

Иско ги прашува фановите: Дали сум дебел?

Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско врати на тие кои се сомневаат во неговата физичка подготвеност со прашање на Инстаграм: „Дали сум дебел?“.

Шпанскиот репрезентативец сè поретко добива место во стартните 11 на „Сантијаго Бернабеу“ под новиот тренер Сантијаго Солари. 26-годишниот Иско беше на операција на слепото црево во септември, но и покрај тоа добиваше место во тимот под Хулен Лопетеги, додека Солари не дал место во стартниот тим од поразот од 5:1 од Барселона на 28 октомври.

Откако во ноември во шпанските медиуми се шпекулираше дека причината за ова е слабата физичка подготвеност, Иско сега преку Инстаграм ги праша навивачите: „Дали сум дебел?“. Фотографијата јасно ја покажува неговата форма.

 

Scroll to Top