Top Sport

Алмерија ја доби Валенсија и ја „поттурна“ кон втората лига

Во клучен меч на два тима кои се борат за опстанок, Алмерија дојде до значајна 2:1 победа над Валенсија, оставајќи го славниот шпански клуб во зоната за испаѓање на десет кола пред крајот на шампионатот.

Гонзало Мелеро ги донесе домаќините во водство во 49. минута од мечот за Срѓан Бабиќ само девет минути подоцна да зголеми на 2:0. Надеж за камбек на „лилјаците“ им даде Саму Кастилехо во 61. минута, но до крајот на мечот, тимот на Рубен Бараха не успеа да стигне барем до израмнување.

Алмерија сега е на 16. место со 30 освоени поени, додека Валенсија е на 18. место со 27 поени, два помалку од 18-пласираниот Реал Валјадолид.

Scroll to Top