Седмицата која поминува нема да остане во добро сеќавање за фудбалерите и навивачите на Барселона, откако по разочарувачката елиминација од Манчестер јунајтед во Лига Европа, вечерва пропуштија шанса да направат 10 поени предност на врвот на табелата, губејќи со 1:0 на гости кај Алмерија, клуб кој грчевито се бори за опстанок.
Човек на одлука беше Ел Билал Туре, кој во 24. минута од мечот успеа да го совлада Марк-Андре Тер Штеген за неверојатно постигнување. По ова, каталонскиот клуб направи опсада кон голот на домаќините, но до гол не дојдоа.
Барселона останува лидер во Ла лига со 59 поени, седум пред Реал Мадрид, додека Алмерија излегува од зоната за испаѓање и сега се 15-ти со 25 поени. За Барса сега следува ново „Ел класико“ против Реал веќе во четврток во првиот меч од полуфиналето на Копа дел реј.
🚀 Le BOMBAZO d’El Bilal Toure face au Barça !
🦅🇲🇱 pic.twitter.com/F0ZWS9dF4Z
— Les Aigles Du Mali 🇲🇱🦅 (@AiglesDuMali_) February 26, 2023