Top Sport

(Видео) Алмерија ја забележа првата победа во сезоната

Фудбалерите на Алмерија го совладаа Лас Палмас на гости со 1:0 во натпреварот од 29. коло на шпанската Примера.

Екипата од Андалузија ја забележа првата победа во сезонава 2023/2024.

Гостите славеа против Лас Палмас со голот на Лео Баптистаo на асистенција на Ларжо Рамазани во 14. минута.

Така новиот тренер на Алмерија Пепе Мел дојде до победа на своето деби на клупата на новиот клуб.

До три бода стигна и Виљареал кој во локалното дерби ја совлада Валенсија со резултат 1:0.

Домашниот тим промаши пенал во 39. минута кога непрецизен од белата точка беше Алекс Баена.

Сепак, победата за „жолтата подморница“ ја донесе Хорхе Куенка со гол по 54.миннута.

Scroll to Top