Аргентина е на добар пат да го обезбеди првото место во групата Ц откако новата ѕвезда на Манчестер сити, Хулијан Алварез постигна прекрасен гол за 2:0 водство против Полска, што носи неверојатна битка за второто место во кое Полјаците и Мексиканците влегуваат израмнети.
Алварез ја искористи шансата од Лионел Скалони да биде стартер пред Лаутаро Мартинез, за во 68. минута да го совлада Шчесни за Аргентинците речиси сигурно да го обезбедат првото место во групата.
Бидејќи во вториот меч, Мексико има 2:0 предност против Саудиска Арабија, Мексиканците и Полјаците се израмнети со 4 поени и со 2:2 гол-разлика, што значи дека за пласман би одлучувале жолтите картони, каде што Полска има предност со тоа што има 3 картони помалку од Мексико – 7:4! Луда завршница.
POLAND 🇵🇱 0-2 🇦🇷 ARGENTINA
⚽ 68' Julián Álvarez 🇦🇷#FIFAWorldCuppic.twitter.com/LEAtkroPrx— All goals replay (@goalsreplayg) November 30, 2022