Еден месец, Алваро Мората се поврзуваше со трансфер во Барселона. Мората и Јувентус се согласија тој да замине на „Ноу Камп“, но трансферот го блокираше клубот на Мората, Атлетико Мадрид.
Шпанскиот репрезентативец, сепак би можел да го смени клубот во последниот ден од преодниот рок. Сериозен интерес за него покажал Арсенал. Микел Артета очајнички бара напаѓач, откако не успеа да го донесе Сушан Влаховиќ.
Јувентус нема да се противат на заминувањето на мората, доколку Атлетико ја договори продажбата на напаѓачот.