Top Sport

Њукасл во тотална офанзива на трансфер пазарот

Њукасл јунајтед тргнаа во тотална офанзива на трансфер пазарот во последниот ден од преодниот рок. На „Сен Џејмс парк“ треба да пристигнат тројца нови фудбалери.

Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл го договориле трансферот на Талентираниот напаѓач на Ремс, Иго Екитике. „Страчките“ за 19-годишникот ќе платат 25.000.000 евра, плус одредени бонуси, по кои тансферот може да достгне сума и од 40.000.000 евра.

На позајмица од Астон Вила треба да пристигне левиот бек Мет Таргет, а одбраната ќе ја засили и Ден Брн од Брајтон за 15.000.000 евра.

Њукасл досега се засили со Киран Трипие, Крис Вуд и Бруно Гимараеш, кој стана најскапото засилување во историјата на клубот.

Scroll to Top