Top Sport

Конор Мекгрегор се пензионираше… Третпат!

УФЦ мегаѕвездата Конор Мекгрегор преку Твитер објави дека се повлекува од борбите, но многу коментатори и фанови се скептични, откако тој претходно двапати објави пензионирање, пред да се врати на борбите.

„Момци, одлучив да се пензионирам од борбите. Ви благодарам за сите прекрасни спомени! Каков луд пат беше! Еве фотографија со мојата мајка по една од победите за светска титула“, напиша Мекгрегор на Твитер.

Мекгрегор прво објави повлекување во 2016 година по поразот од Нејт Дијаз, па во март 2019 година, за да се врати во УФЦ октагонот во јануари кога го победи Доналд „Каубој“ Серон за само 40 секунди. Денешната објава доаѓа откако многу ММА фанови очекуваа пресметка со ММА легендата Андерсон Силва. Ако навистина се пензионира сега, тој си оди од ММА со 22-4 скор.

Scroll to Top