Top Sport

Алвеш: Ќе биде многу необично да играм со бел дрес на „Ноу Камп“

Дани Алвеш си замина по вторпат од Барселона, но веќе во недела ќе има камбек на „Ноу Камп“, откако неговиот нов клуб, мексиканскиот Пумас УНАМ утре ќе игра со каталонскиот клуб на Трофејот Жоан Гампер. Тој призна дека ќе биде посебно да се игра на неговиот омилен стадион, но додаде дека ќе биде многу чудно да се носи бел дрес таму.

„Чудно е да си таму во дрес кој не е на Барселона, но за мене тоа ќе биде посебен меч. Единствено не сум среќен што се враќам таму во бел дрес. Тоа е тешко“, вели Алвеш, секако посочувајќи кон белите дресови на Реал Мадрид, лутите ривали на Барса.

Иако при изјавата по неговото заминување од Барселона имаше очгиледна горчина, тој сега вели дека нема негативни чувства кој клубот.

„Не сум навреден, туку сум вечно благодарен на Чави и на Лапрота што ми дадоа шест месеци. Знам колку беше тешко, и тоа беше ситуација која е бесценета. Знаев низ каков момент минува клубот и дојдов да помогнам, но исто така знаев дека имам шестмесечен договор, а не петгодишен. За среќа, судбината ми даде шанса да играм пак таму и да се збогувам со моите луѓе“, вели Алвеш.

Scroll to Top