Ријад Марез постигна два гола, а Алжир со 4:1 на гости го победи Того за да се квалификува на Африканскиот куп на нации следната година во Камерун.
Алжир имаше 3:0 водство по првото полувреме по двата гола на Марез (15. и 30. минута) и еден на Јусеф Атал, додека веднаш по полувремето, Багдад Бунеџа додаде уште еден гол, пред Того да намали преку Коџо Лаба. На еден меч пред крајот на квалификациите, Алжир имаат 10 поени во групата Б, Бенин има седум, а Того и Гамбија по 5.
Првиот гол на Марез беше посебно интересен, откако ѕвездата на Манчестер сити успеа да го „извлече“ голманот на Того, и шутираше од огромна далечина, пред дефанзивецот Уро-Акорико да се обиде да направи голманска интервенција, што не му успеа. На крајот тој доби и црвен картон.