Top Sport

Амбасадата на Иран ги демантираше пишувањата на таблоидите

Нема вистина во приказната што ја објавија неколку „симнителни“ медиуми дека Кристијано Роналдо бил осуден в Иран на 99 удари со кампук.

По гостувањето на Ал Наср во Техеран, Кристијано Роналдо најпрвин гушнал, а потоа и се фотографирал со една девојка во инвалидска количка.

Од целата приказна само тој дел е точен.

Но, продолжението на приказната, во кое се вели дека поради физички контакт со жена, Роналдо бил осуден на 99 удари со камшик во Иран, нема врска со вистината.

Кога приказната почна да добива на интензитет, иранската амбасада во Шпанија објави демант.

„Строго ги отфрламе наводите дека има судска пресуда против кој било странски спортист донесена во Иран“, кратко соопшти амбасадата.

Кристијано Роналдо не ги коментираше пишувањата на таблоидните медиуми.

Scroll to Top