Top Sport

Саутемптон со 10 играчи (и со помош на ВАР) остана непоразен против Тотенхем

Хери Кејн постигна трет гол во исто толку мечеви на Тотенхем, но по три победи тимот на Антонио Конте заглави за 1:1 реми кај Саутемптон, иако домаќините повеќе од едно полувреме имаа играч помалку.

Џејмс Ворд-Прауз постигна фантастичен гол во 25. минута за Саутемптон, но потоа Мохамед Салису доби црвен картон за фаулот над Сон Хеунг-Мин во шестнаесетникот, за Кејн во 41. минута да биде прецизен од белата точка на „Сент Мерис“. Кејн сметаше дека го реши мечот со голот во второто полувреме по додавањето на Хери Винкс, но ВАР откри дека се работи за минимален офсајд.

И покрај ова, Антонио Конте е првиот менаџер на Тотенхем кој нема пораз во првите седум меча во Премиерлигата. Вест хем, сепак, по 4:1 победата кај Вотфорд ги претекнаа Тотенхем на четвртото место, додека Саутемптон се на 13. место.

ПРЕМИЕРЛИГА, 20.КОЛО

Саутемптон – Тотенхем 1:1

Кристал палас – Норич 3:0

Вотфорд – Вест хем 1:4

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top