Top Sport

Америка го откри Златан! Два спектакуларни гола за победа (видео)

Златан Ибрахимовиќ го одбележа своето деби во МЛС лигата со спектакуларни два гола за супер победа од 4:3 на Лос Анџелес галакси над Лос Анџелес ФЦ.

Шведскиот ветеран, кој замина од Манчестер јунајтед со спогодбен раскин на договорот, постигна гол само шест минути откако влезе во игра како замена, а неговите Галакси се вратија од 3:0 негатива. По спектакуларниот прв гол, тој постигна гол со глава за фантастичен кам-бек во градското дерби.

ЛАФЦ ја контролираа играта по двата гола на Карлос Вела и авто-голот на Даниел Стерес веднаш по стартот на полувремето. Но, Себастијан Летгет врати еден гол во 61. минута, а две минути пред да влезе Ибрахимовиќ, Крис Понтуис погоди во 73. минута.

Тогаш дојде време за шоу на 36-годишниот Швеѓанец, прво со спектаклот во 77. минута, по што го постигна и победничкиот гол. Златан навистина пристигна во САД!

Фото: ЕПА

Scroll to Top