Top Sport

Бонучи: Не планирав да славам, но свирежите ме разубедија

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи вели дека не планирал да го слави постигнатиот гол против својот поранешен клуб Јувентус, сè додека не слушнал свирежи од публиката чиј миленик беше до минатата сезона.

Бонучи беше исвиркуван при секој допир со топката во првиот меч во Торино по трансферот во Милан, и иронично, тој го даде голот со кој ја прекина низата од 959 минути без примен гол на Јуве во Серија А. На крајот, тоа не беше доволно, бидејќи Милан загуби со 3:1.

„За мене тоа беше емотивен момент. Мислев дека добредојдето беше 50-50, тие посакаа да ме исвиркуваат и го почитувам тоа. Во седум години дадов многу за Јувентус, така што не се лутам на навивачите, тие имаат право да прават што сакаат. Не планирав да славам гол, но свирежите ме предомислија. Не смеев да дозволам да не примат гол и да го срушат рекордот кога јас играв од 979 минути“, вели Бонучи.

По поразот во Торино, Милан мора да го победи Интер во презакажаното градско дерби во среда за да остане во игра за пласман во Лигата на шампиони.

„Ни требаат вакви вечери, дури и ако изгубиме, бидејќи имаме многу млади играчи за кои искуството е најважно. Да влезеше ударот на Чалханоглу ќе имавме сосема поинаков меч“, додава Бонучи.

Јуве го победи Милан и се „одлепи“ на врвот (видео)

Scroll to Top