Top Sport

Американецот Бели ја добил „трката“ за Челси и покрај обидот на Ретклиф?

И покрај спектакуларната понуда во последен момент на британскиот милијардер Џим Ретклиф, Челси одлучиле групацијата на американскиот милијардер Тод Бели да биде следниот сопственик на клубот, тврдат повеќе британски медиуми.

Бели, кој е сопственик на Лос Анџелес доџерс, би бил сопственик на 66 отсто од акциите, додека другите проценти се кај помалите инвеститори.

Американецот е сопственик на 60 отсто од инвестициската компанија „Елриџ индустрис“, со вредност од над 6 милијарди долари, преку којаги врши повеќето инвестиции, освен сопственоста на Доџерс и акционерството во Лос Анџелес лејкерс, кои се приватни инвестиции. Една од неговите инвестиции е „Фортнајт“, екстремно популарнат видео игра.

Во 2019 година, Бели се обиде да го купи Челси од Роман Абрамович, нудејќи 2.2 милијарди фунти, по што призна дека е голем фан на Премиерлигата.

„Фудбалот е најголемиот спорт на светот. Не ми се верува дека американскиот фудбал го користи зборот ‘фудбал’, бидејќи се знае што е фудбал. Тоа е најдобриот продукт на светот во 90 минути. Страста која ја имаат фановите и сите активности се нешто што не може да се спореди со било кој друг спорт“, изјави тогаш Бели.

Британецот Ретлкиф нуди над 4 милијарди фунти за Челси!

Scroll to Top