Top Sport

Американски милијардер го купи Гилингем, вети интересен преоден рок

Американскиот бизнисмен, Бред Галисон стана мнозински сопственик на англискиот четвртолигаш Гилингем, соопшти клубот од Пристфилд.

Милијардерот, кој се збогати со продажба на недвижен имот, го презеде клубот од Пол Скали, кој раководеше со Гилингем од 1995 година, а за време на неговиот мандат клубот играше во Чемпионшип, вториот ранг на англискиот фудбал, од 2000 до 2005 година.

„Ова е величествено, возбудливо и историско време за нашиот клуб“, изјави Скали за Би-Би-Си.

Галинсон рече дека тој и неговото семејство се „апсолутно воодушевени“ и им вети на навивачите „интересен трансфер период“.

„Среќни сме што ја завршивме оваа аквизиција. Гилингем е клуб со богато наследство и страстни, лојални навивачи“, изјави Американецот за клупската веб-страница.

Гилингем моментално се наоѓа на последното 24 место во Лига 2 со 14 бодови, еден бод под безбедносната зона.

Scroll to Top