Top Sport

Нестварен трипл-дабл на Харден, Халибартон влезе во историјата на Индијана

Ноќта помеѓу петокот и саботата се одигра цело коло во НБА со 15 натпревари, а имаше и забележителни натпревари. Неверојатен натпревар одиграа ѕвездите на Филалделфија, Џејмс Харден и Џоел Ембид. Тајрис Халибартон влезе во историјата на Индијана Пејсерс, а Ар Џеј Берет во историјата на Њујорк Никс.

Иако комплетни, ЛА Клиперс загубија во Филаделфија со 119:114 благодарение на извонредните перформанси на нивните суперѕвезди. Џоел Ембиид постигна 44 поени, а Џејмс Харден го оствари 70. трипл-дабл во кариерата со 20 поени, 11 скока и дури 21 асистенција, што е негов рекорд во кариерата.

Тајрис Халибартон ја постигна решавачка тројка во победата на неговиот тим над Мајами од 111:108.

Натпреварот го заврши со 43 поени и седум асистенции, што е негов рекорд во кариерата. Тој постигна 10 тројки во 16 обиди, што воедно е негов личен и клупски рекорд. На другата страна Тајлер Хиро имаше 28, а Кајл Лаури 21 поен со шест скока и пет асистенции.

Ар Џеј Барет постигна над 40 поени во поразот на Њујорк од Чикаго со 118:117. Тој стана првиот играч во историјата на тимот од „Големото јаболко“ кој постигнал 40 поени без да промаши шут за три поени (6/6).

Кај Булси најдобар беше Зек Лавин со 33 поени, а Никола Вучевиќ имаше 21 со 12 скока.

Резултати:

Орландо Меџик – Сан Антонио Спарс 133:113
Филаделфија Севентисиксерс – Лос Анџелес Клиперс 119:114
Атланта Хокс – Детроит Пистонс 130:105
Бостон Селтикс – Минесота Тимбервулфс 121:109
Бруклин Нетс – Милвоки Бакс 118:100
Кливленд Кавалирс – Торонто Репторс 107:118
Њујорк Никс – Чикаго Булс 117:118
Хјустон Рокетс – Далас Маверикс 106:112
Мајами Хит – Индијана Пејсерс 108:111
Оклахома Сити Тандер – Њу Орлеанс Пеликанс 125:128
Денвер Нагетс – Портланд Трејл Блејзерс 120:107
Феникс Санс – Мемфис Гризлис 100:125
Сакраменто Кингс – Вашингтон Визардс 111:125
Лос Анџелес Лејкерс – Шарлот Хорнетс 130:134

Scroll to Top