Top Sport

Амиен бара Лига 1 да ги преиспита одлуките

Фудбалскиот клуб Амиен, побарал од француската Лига 1 да биде преиспитана одлуката за испаѓање од елитната дивизија откако првенството заврши поради пандемијата на коронавирусот.

Амиен соопшти дека најправедно ќе биде наредната сезона во Лига 1 да се натпреваруваат 22 екипи. Клубот ги повика своите навивачи и сите фудбалски фанови да ја поддржат нивната иницијатива која би овозможила „спортот и фудбалот да растат“.

Во моментот кога е прекината сезоната во Лига 1, Амиен се наоѓаше на претпоследното место со четири помалку од Ним кој остана во лигата. Првенството во Франција е прекината на десет кола до крајот.

Сезоната во Франција по барање на владата е прекинато минатата недела, покрај Амиен од Лига 1 испадна и Тулуз, додека од Лига 2 во елитата ќе влезат Ленс и Лориен.

Scroll to Top