Top Sport

Браќа кои местат! Египќанецот Хосам доби доживотна суспензија

Поранешната надеж на египетскиот тенис, Јусеф Хосам, доби доживотна суспензија од тенисот на само 21 година, откако ги прекршил правилата за местење мечеви, две години откако неговиот постар брат Карим доби суспензија за сличен прекршок.

Хосам беше условно суспендиран од мај минатата година, а највисок рејтинг му беше 291. место на АТП листата во 2017. Тој нема одиграно ниту еден АТП меч, туку играше на челенџ турнирите.

„Хосам во соработка со други лица направи огромна кампања за корумпирање на резултатите во пониските нивоа на професионалниот тенис. Тој има 21 прекршок на анти-корупциската програма“, се вели во соопштението на Тениската единица за интегритет (ТИУ).

Помеѓу прекршоците, тој осум пати наместил меч, а шест пати овозможил обложување на туѓи мечеви.

Хосам како јуниор беше во топ 10 на светската сцена, но не успеа овој талент да го искористи на теренот. Забраната доаѓа две години откако неговиот постар брат Карим исто така доби доживотна суспензија за местење на 16 меча.

Scroll to Top