Амиен стигна до 3:1 победа над Марсеј во првиот меч од деветтото коло на француската Лига 1, прекинувајќи ја низата на славниот клуб, кој под водство на тренерот Андре Вилаш Боаш немаше пораз во последните седум кола во шампионатот.
Амиен почна одлично, откако веќе во 11. минута, Гаел Какута го најде Хајтам Алесами за тој да го постигне првиот гол за својот тим. Дарио Бенедето израмни во 23. минута со одличен гол по дриблањето на работ на шестнаесетникот, но до крајот на полувремето, Амиен повторно беше во водство – Серху Жираси беше прецизен од белата точка во 44. минута откако претходно тој беше соборен.
Амиен стави печат на својата прва победа во историјата во Лига 1 над Марсеј со гол во 90. минута на Стивен Мендоза.