Top Sport

Амири дојде, го виде Лидс, и одби да направи трансфер!

Во една од најбизарните приказни од летниот преоден рок, ѕвездата на Баер Леверкузен, Надим Амири одби да направи трансфер во англискиот второлигаш Лидс јунајтед во последен момент, иако пристигна во англискиот град, а клубовите се согласија за трансфер во висина од 5 милиони фунти.

Амири, кој има пет настапи за германскт репрезентација, требаше да биде главното засилување на новиот менаџаер Даниел Фарке по бурното лето во кое клубот доби нови газди, но остана без повеќе фудбалери. Амири во понеделникот заедно со своето семејство со приватен авион пристигна во Лидс, посетувајќи го и тренинг-центарот на клубот, пре 26-годишниот Германец да се повлече од договорот.

Според германскиот „Кикер“, Амири се двоумел за трансфер во второлигаш, посебно откако по првите четири меча од новата сезона, Лидс собра само 5 поени. Покрај тоа, тој го очекува раѓањето на своето прво дете.

Лидс ова лето останаа без повеќе стандардни првотимци по испаѓањето од Премиерлигата: Тајлер Адамс, Родриг, Робин Кох, Макс Вобер, Џек Херисон и Марк Рока.

Scroll to Top