Top Sport

Летонците само ја налутија моќната Канада

Летонија имаше неверојатна прва четвртина за да ги шокир фаворизираните Канаѓани, но потоа доживеа вистински потоп и загуби со 101:75 (13:23, 30:19, 24:15, 34:18) во мечот за прво место во групата Х во првата фаза на Светското првенство во Јапонија, на Филипините и во Индонезија.

Летонците веќе го направија најголемото изненадување на СП, победувајќи го фаворитот за медал, Франција и елиминирајќи го прват фаза, а изгледаше дека се во игра за да го направат истото против Канада, добивајќи ја првата четвртина со 10 предност (23:13). Меѓутоа, потоа НБА ѕвездите на Канада ја преземаа контролата на мечот, поведувајќи со 43:42 по првото полувреме, за во второто целосно да доминираат и да стигнат до „стотка“.

Scroll to Top