Организацијата за човекови права, Амнести Интернешнл (АИ), побара од ФИФА да одвои 440 милиони долари компензација за мигрантите кои ги градеа стадионите за Светското првенство во Катар.
АИ е во кампања против ФИФА по одлуката да се додели организацијата на најелитното светско натпреварување на Катар, поради човековите права во оваа земја, а посебно правата на илјадниците работници-мигранти кои работеа на инфраструктурата. Според нивните проценки, во последните 12 години, „стотина илјадници мигранти“ биле експлоатирани и држени во заложништво.
„Со доделувањето на првенството на Катар без да се обезбедат гаранции за работничките права, ФИФА придонесе за злоупотреба на човековите права. Ова значи дека ФИФА сега мора да обезбеди компензација за сите нарушувања на работничките и човековите права на луѓето кои ги градеа стадионите, улиците и хотелите за турнирот. ФИФА треба да резервира минимум 440 милиони долари од наградниот фонд за турнирот за работниците. Ова е мала сума бидејќи ФИФА ќе заработи 6 милијарди долари од турнирот, а им и финансиски резерви од над 1.6 милијарди долари“, велат од АИ.