Top Sport

Таксист одби да го вози пијаниот Тајсон Фјури во Кан

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури призна дека „испил малку повеќе“ откако се појави видео во кое таксист во францускиот град Кан одбива да го прими поради тоа што е во алкохолизирана состојба, по што тој го клоца автомобилот.

Актуелниот ВБЦ шампион е на Азурниот Брег на одмор со своето семејство, каде што бил снимен како со помош на неговиот татко Џон се обидува да фати такси додека се клати, по што се потпира на Реното и ссе обидува да ја отвори вратата. Возачот им објаснува дека нема да ги прими во таква состојба и заминува и Фјури се обидува да го клоцне.

Фјури имаше интересна преписка со неговиот татко на Инстаграм, каде што Џон вели: „Премногу минатата вечер“, а Фјури одговара: „Силно, пиво, нели тато?“.

Популарниот „Џипси Кинг“ инсистира дека е пензиониран од боксот по нокаутот над Дилијан Вај минатиот месец и почна да ужива во животот на јахта во Франција.

Scroll to Top