Top Sport

Амрабат има рок до петок да се изјасни

Софијан Амрабат нема да биде во тимот на Фиорентина за натпреварот против Рапид Виена во плеј-офот за влез во Конференциската лига.

Мароканецот е изоставен од тренерот Винченцо Италијано бидејќи има индикации дека конечно би можел да го напушти клубот.

За него во изминатите недели најзаинтересирани беа Манчестер јунајтед, Ливерпул и Атлетико Мадрид.

Цената би требало да биде околу 35 милиони евра, а наводно Амрабат и заинтересираните клубови добиле рок да решат се до петок кога треба да биде јасно дали ќе остане или ќе ја напушти Фиренца.

Мароканецот минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот на Фиорентина, а одлично одигра и во дресот на Мароко на Светското првенство во Катар.

Натпреварот Рапид – Фиорентина се игра во четврток на 24. август од 19 часот.

Scroll to Top