Мароканскиот репрезентативец Софијан Амрабат со настапите на Мундијалот го привлече вниманието на бројни клубови. Интерес за играчот од средниот ред на Фиорентина покажале клубови од Англија и Шпанија.
Најсериозен интерес, според медиумите, покажале луѓето од Ливерпул. Дел од англиските медиуми веќе го најавуваат трансферот на Амрабат.
Фудбалерот пак во изјава за „Марка“, рекол дека за него голема чест е што медиумите го поврзуваат со клубови од Ла Лига.
„Горд сум што моето име се поврзува со Барселона и Атлетико Мадрид. Сепак, јас се уште сум играч на Фиорентина, го почитувам мојот клуб и имам одличен однос со претседателот. Диего Симеоне? Имаме одличен тренер и во Фиренца. но да, ми се допаѓа филозофијата на неговата играта“, изјави Амрабат.
Барселона, Атлетико и Ливерпул не се единствените кои ќе се борат за потписот на Мароканецот, наводно во трката ќе се вклучи и ПСЖ.